Риби
Рибите (лат. Pisces) се водни ‘рбетни животни со перки и внатрешни жабри. Постојат три живи класи на риби: примитивните безвилични риби, или Agnatha; ‘рскавичните (ајкуловидни) риби, или Chondrichthyes; и коскените риби или Osteichthyes. Овие групи, иако имаат различни анатомски карактеристики, поседуваат низа заеднички особини поврзани со нивното заедничко еволутивно потекло или со нивниот подводен начин на живот. Рибите биле најраните ‘рбетници и веројатно еволуирале од група на водни нижи хордати; копнените ‘рбетници еволуирале од рибите.
Кои крап
Кои најчесто се чува како украсна риба во приватни езерца и води.
повеќе
Кои крап
Cyprinus caprio
Class: Actinopterygii
Order: Cypriniformes
Fam: Cyprinidae
Genus: Cyprinus
Order: Cypriniformes
Fam: Cyprinidae
Genus: Cyprinus
Должина: 25 до 36 цм
Тежина: до 20 кг
Распространестост: Европа автохтон, денес го има насекаде низ светот
Тежина: до 20 кг
Распространестост: Европа автохтон, денес го има насекаде низ светот
Живеалиште: Течни бавни и стоечки води, прилагоден на сите видови води
Исхрана: ОМНИВОРИ – сештојади, без’рбетници по дното водите
Статус: вообичаен
Исхрана: ОМНИВОРИ – сештојади, без’рбетници по дното водите
Статус: вообичаен
Кои крапот е обоена варијанта на амурскиот крап кој неслужбено се нарекува КОИ и најчесто се чува како украсна риба во приватните езерца или стоечките води во парковите и градините. За првпат официјално оваа варијанта на крапот е одгледана во Јапан во почетокот на 19 век во градот Нигата. Некои од главните бои се бела, црна, црвена, портокалова, плава и крем. На јапонски јазик зборот КОИ како хомофон значи наклонет или љубов и често КОИТЕ се симбол за љубов и прилателство. Животен век околу 50 год.