Информирај се!
Ценовник
Единечен билет
80 денари
Групен билет
50 денари
Дино парк
50 денари
Групен билет за
предучилишна возраст
40 денари
Билет за
Бејби ЗОО
20 денари
Работно време
март и октомври: 09:00 – 17:00
април и септември: 09:00 – 18:00
мај – август: 09:00 – 19:00
Календар на идни настани
There are no future events.
Мапа на ЗОО
Испланирај ден во ЗОО
Тоалет
Тоалет
Кафетерија
Кафетерија
Место за одмор
Место за одмор
Место за одмор
Место за одмор
Место за одмор
Билетарница
Ветеринарна станица
Кафетерија
Гулаби
Лебед
Често поставувани прашања
Дали е отворена Зоолошката градина во Скопје во недела?
Кое е работното време на Зоолошката градина?
Ноември, декември, јануари и февруари | од 09:00 до 16:00 часот |
Март и октомври | од 09:00 до 17:00 часот |
Април и септември | од 09:00 до 18:00 часот |
Мај, јуни, јули и август | од 09:00 до 19:00 часот |
Колку е цената на билетот?
Цената на билетот за влез во Зоолошката градина е 80,оо денари, а за Дино Парк е 50,оо денари.
Колку е билет за деца?
Деца до 3 години не плаќаат билет, а над 3 години е 80,оо денари.
Колку е билетот за Дино парк?
Цената на билетот за Дино парк е 50,оо денари. За само 50 денари можете да уживате во авантуристичка прошетка која ве враќа во времето кога на Земјата живееле најголемите праисториски животни, диносаурусите. Ве очекуваат 41 фигури во реална големина, придружени со звучни ефекти.
Дали може да ги храниме животните?
Хранењето на животните во Зоолошката градина е СТРОГО ЗАБРАНЕТО. Животните имаат своја нутритивна табличка на хранење и добиваат првокласна здрава храна, согласно нивниот вид и потреби. Затоа секоја храна дадена од посетителите може да им наштети.
Доколку сакате да имате уникатна можност за хранење животни во присутност на зоонегувател во зоолошката, јавете се на 071/269-548 и проверете за кои животни може да се закаже хранење.
– Од април до октомври отворена е и Бејби ЗОО, каде што децата добиваат кесичка со храна за мали животни, можат да ги хранат и погалат, но и да научат повеќе за чување домашни миленици, а целта на ова катче е заеднички кај децата да ја зголемиме емпатијата и љубовта кон животните.
Дали може да се јаваат пони коњчињата?
Во летниот период од мај до септември секој викенд има јавање на пони коњ за мали дечиња по цена од 50,оо денари.
Дали работи Бејби ЗОО и колку е билет за влез?
Бејби ЗОО работи секој ден во топлите месеци и цената на билетот е 20,оо денари. Децата добиваат кесичка со храна за мали животни, можат да ги хранат и погалат, но и да научат повеќе за чување домашни миленици, а целта на ова катче е заеднички кај децата да ја зголемиме емпатијата и љубовта кон животните.
Дали може да се слави роденден во Дино парк?
За сите информации околу родендените, одете во секцијата за славење родендени на нашиот сајт.
Дали може да дојдеме со миленик во Зоолошка градина?
Не е дозволен влез со домашно милениче во Зоолошката градина.
Дали смеам да возам тротинет, ролери или велосипед низ Зоолошката градина?
Возењето на било какви превозни средства од страна на посетителите, вклучувајќи тротинет, ролери или велосипед е строго забрането.
Смеам ли да ги галам животните?
Строго е забрането да се фаќаат и вознемируваат животните, или пак да се прескокнува оградата за да се дојде поблиску до нив. Со оглед на големата фреквенција на луѓе и најбезопасното животно може да се вознемири и да ве повреди.
Испрати ни порака
Адреса
MK, Boulevard Ilinden 1000, Skopje 1000
Телефон
+389 2 322 0578
Е-маил
В.Д.Директор на Зоолошка градина Скопје
Зоран Попов
Телефон
+389 70 233 757
Службено лице за посредување со информации
од јавен карактер
Катерина Костова
Телефон
+389 70 233 586
Е-маил
кaterina@zooskopje.com.mk