25 октомври
Светскиот ден на лемурите денеска го одбележавме заедно со првоодделенците од ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“. Од едукаторот од ЗОО, Александар Глигоров, тие имаа можност да слушнат нешто повеќе за карактеристиките на лемурите, за тоа колку живеат и со што се хранат.
Лемурите потекнуваат од Мадагаскар, а интересно е да се знае дека кај нив владее матријархатот.
Светскиот ден на лемурите се одбележува секоја последна недела или петок во месец октомври, денот кога на јавноста и го свртуваме вниманието кон овој црно-бел опашест вид на примат.
Пред да стигнат кај лемурите кои се најбројна фамилија во скопската Зоолошка градина во моментов, која брои дури 38 единки, децата се запознаа и со живеалиштата и главните карактеристики на морските лавови, пингвините, жирафите и мечките.
Ова беше уште еден корисен едукативен час од оние што постојано се организираат во ЗОО Скопје, каде што по грижата за животните и нивната благосостојба, едукацијата е најважниот сегмент.