• македонски јазик
  • Shqip
  • English
  • Настани во Скопје ЗОО!

    Светски ден на нилскиот коњ

    15 февруари

    На овој ден посветен на Буцо, нашиот Нилски коњ, беше организиран настан со ученици од ООУ “Димитар Миладинов“ пред неговото живеалиште, каде зоонегователот Билјана Дрнкова на учениците им го објасни процесот на грижа и хранење, како и карактеристиките на ова по многу нешта единствено животно. Нилскиот коњ е едно од најинтересните егзотични животни, кои живеат во Градината. После едукативниот час, учениците имаа можност да го гледаат филмот “ Мадагаскар“.