• македонски јазик
  • Shqip
  • English
  • Настани во Скопје ЗОО!

    Меѓународен ден на Гибон

    24 октомври

    Заедно со третоодделенци од ОУ „Христијан Тодоровски Карпош” го прославивме Светскиот ден на гибоните. Нашите мали гости љубопитно поставуваа интересни прашања за овој загрозен вид, а едукаторот им раскажа се за фамилијата гибони во скопската Зоолошка.

    Гибоните често се нарекуваат мали човеколики мајмуни и спаѓаат во групата на примати. Живеат на островите Борнео и Јава, како и во североисточна Индија и јужна Кина.

    Тие, за жал, се загрозен вид поради уништувањето на нивните природни живеалишта, но модерните зоолошки градини ширум светот работат на зачувување на овој вид.

    Во ЗОО Скопје живеат четири гибони.