• македонски јазик
  • Shqip
  • English
  • Настани во Скопје ЗОО!

    Изложба на постери во соработка со Бреинстер

    На 11.11.2023 година, во 11 часот во Едукативниот центар во Зоолошката градина, посетителите беше отворена изложба на постери што ЗОО Скопје ја реализира во соработка со Едукативно-технолошката организација Бреинстер (Brainster).

     

    На изложбата се поставени 40 постери на темите „Пчели“ и „Црвеноушести желки“ што произлегоа од повеќемесечната соработка и спроведениот конкурс за најдобар едукативен дизајн на постер.

     

    Пораката на оваа изложба е дека во природата се е поврзано и се е важно, а луѓето се најодговорни во тој екосистем. Во таа насока, пчелите се основа на животот и затоа е потребно да ја подигнеме јавната свест за тоа колку се корисни и потребни во природата и за животот на сите единки во неа.Без пчели едноставно ќе нема живот.

     

    Од изложбата на која присуствуваа и авторите на постерите,с туденти на Акадмеијата Бреинстер, испративме порака до сите оние кои купуваат црвеноушести желки: сопствениците никогаш не треба да ги пуштаат овие желки во природата, за да не наштетат на автохтоните видови флора и фауна.

     

    Зоолошката градина Скопје останува силно посветена на едукацијата за живиот свет како една од нејзините главни определби и задачи, а различни едукативни настани ќе следуваат и во периодот што е пред нас.

     

    Сите заинтересирани кои ќе ја посетат ЗОО Скопје оваа недела, можат да ја погледнат изложбата во Едукативниот центар секој работен ден во тек на работното време на ЗОО.