• македонски јазик
  • Shqip
  • English

Настани во Скопје ЗОО!

Денот на ослободување на градот Скопје

13 ноември

По повод одбележувањето на 13-ти ноември, Денот на ослободување на градот Скопје, делегации од државата и градот положија цвеќе, со почит кон борците што ги дадоа своите животи и ја извојуваа слободата на Скопје.

Цвеќе положи делагација на Град Скопје, предводена од градоначалничката Данела Арсовска, како и претставници на сите јавни и културни институции од градот.

В.д. Директорот на Зоолошката градина Скопје, Зоран Попов во име на нашата Јавна установа, положи цвеќе и се поклони пред споменикот на паднатите борци.