25 април
Пред живеалиштето на Пингвините од фамилијата Хамболт, зоонегователот Војо Иванов на посетителите им ги претстави видот на Хамболт пингвините , за тоа каде живеат, како нашите пингвини дошле во нашата Зоолошка градина и од каде. Зборуваше за далечните дестинации на Јужниот пол каде најмногу ги има, колку живеат и со што ги хранат. Хранењето на пингвините секако дека е момент што предизвикува љубопитство од страна на посетителите.