• македонски јазик
  • Shqip
  • English

Настани во Скопје ЗОО!

Промоција на бебињата пингвини

14 март

Денот кога со дечињата од градинката „Орце Николов“, покрај живеалиштето на Хамболт пингвините ги промовиравме четирите нови пингвинчиња кои во јануари се испилија и станаа првите од ваков вид жители на ЗОО. Радоста беше преголема, затоа што сите четири убаво напредуваат . Музиката од ЗОО Азбука, едукативнта дружба од страна на вработените и гостите, децата од градинката направија убава позитивна енергија и денот да остане запаметен како единствен, со малите пингвинчиња Тоше, Чиа, Гвакамале и Омикрон.