• македонски јазик
  • Shqip
  • English
  • Откриј повеќе
    за нас!

    ИСТОРИЈАТ НА ЗООЛОШКАТА

    Најстарата зоолошка градина на Балканот – Скопје ЗОО

    Зоолошката градина Скопје е формирана во 1926 година, од страна на тричлена комисија со која раководел д-р Станко Караман, биолог и доктор по зоологија од Сараево. Истата 1926 година е предложено денешното место за локација на Зоолошката градина. Во тоа време опфаќала 4 (четири) хектари површина, а градината располагала со скромен број на животни, кои претежно биле добиени како подарок од други зоолошки градини и поединци од Балканот и Европа. Во исто време биле отворени и Природно-научниот музеј, кои до извесен период функционирале како една организација, биле изградени и Градскиот парк и Ботаничката градина. Со ова Скопје станал првиот град во тогашните Балкански простори, кои имале ваква природно-научна и зоо структура.

    Нов урбанистички план

    Со решение на Градско собрание во 1965 година и со донесувањето на елаборатот во 1966 година за ново урбанистичко решение, Зоолошката градина Скопје го добива денешниот изглед.
    Денес, градината е сместена на површина од 12 хектари и располага со 603 животни, од кои: 277 птица од 31 вид; 281 цицач од 46 видови; риби 12 единки од 1 вид; и 32 влекачи од 10 вида. (декември 2022 година).
    Основни дејности на градината се: културна, образовна и научна, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност.
    ЗОО Скопје и сите вработени постојано водат грижа за благосостојбата на животните и унапредување на нивниот животен простор а во исот време се грижт за најбројните посетители, децата со организирање на разни едукативни и забавни активности.

    Под надлежност на Град Скопје

    Со текот на годините Градината се проширувала и се зголемувала колекцијата на животни. Денес Градината е лоцирана на површина од 12 хектари, и располага со колекција од 495 животни од 96 видови (цицачи, птици, влекачи). Располага со економски дел, работилница, ветеринарна амбуланта, забавен парк за деца, едукативен центар.
    Во Градината има 50 вработени и 7 волонтери. Од 1926 до 1991 година Зоолошката е под надлежност на Градот Скопје.

    Под надлежност на
    Министерството за Културата на РМ

    Од 1991 до 2005 Зоолошката градина на град Скопје преминува во надлежност на Министерството за Култура на Република Македонија.

    Со префрлање на надлежностите од централната управа на Министерството за Култура на РМ, од 01.09.2005 Зоолошката Градина на Скопје е повторно под надлежност на Град Скопје.

    Соработка со ЕАЗА

    Зоолошката градина на Град Скопје има воспоставено со други зоолошки градини како што се Битола, Загреб, Белград, Нирнберг, Палиќ, Љубљана, Келн, Москва, Виена итн.

    Од 2006 година Зоолошката градина започнува соработка и со ЕАЗА (Европска Асоцијација за Зоолошки и Аквариуми)

    КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ

    Строго забрането хранење и вознемирување на животните!

    Строго забрането тропање по стакла и огради и прекачување во забранети зони

    Забранет влез со миленици, велосипеди, тротинети и ролери

    Децата мора да се во присуство на родител или старател