декември 12, 2016
Жолта анаконда
Должина |
2.4 – 4.60 м |
Размножување |
Ововипарно – живородни |
Распространетост |
Јужна Америка ( Парагвај Бразил, Аргентина Боливија ) |
Живеалиште |
Водени станишта ( мочуришта и реки ) |
Исхрана |
Риби , желки , гуштери , јајца од птици |
Статус |
Вообичаен |
Жолтата анаконда спаѓа во групата на удави и е многу помала од најголемата змија на светот Зелената Анаконда .Својот плен го лови со давење. Бојата на кожата е жолтеникаво-зелена со кафеави дамки кои се преклоповаат по целата должина на телото и претставува одлична камуфлажа во матните води и шумската вегетација. Машките индивидуи се помали од женските. Времетраењето на бременоста трае 6 месеци и потоа женката раѓа 4-80 млади долги до 60 цм. Сексуалната зрелост ја достигнуваат на 3-4 год возраст. Најголема закана на Жолтата анаконда е човекот кој ја изловува поради нејзината кожа. |