Златен фазан

Златен фазан   (Chrysolophus pictus)


Должина: 60 – 110 cm
Тежина: 1 – 2 kg
Распространетост: з. Кина
Живеалиште: планини, шуми
Исхрана: семиња, лисја, инсекти, црви
IUCN статус: вообичаен (LC)

Златниот фазан е еден од најубавите видови фазани поради чисто жолтата боја. 
Имаат изразен полов диморфизам, каде мажјакот е со прекрасни бои на пердувите, додека кај женката пердувите се кафени.  
Живеат во јата сочинети од 1 – 2 мажјаци и 4 – 5 женки, на надморска височина од 2200m.