декември 12, 2016

Жирафа

Должина До 5.7 м
Опаш 76  100 цм
Тежина 1200 – 1900 кг
Распространетост Африка , јужно од Сахара
Живеалиште Савани богати со дрва и трева
Исхрана Растителна
Статус Вообичаен
Жирафата спаѓа во групата парнокопитари и е наjкарактеристична по нејзината грaдба на телото. Представува највисоко животно од сите копнени цицачи достигнувајќи висина до 5.7 м. Бојата на кожата и шарите по телото варираат зависно од пределот што го населуваат и зависно од подвидот. Видот жирафа има 9 подвидови кои живеат единствено на Афричкиот континент. Вратот на жирафата е изграден од 7 издолжени вратни пршлени и достигнува должина до 2 м. Живеат социјален живот во групи од 10 до 20 единки.  Периодот на парење е од Мај до Август и женката младото го носи околу 457 дена. најчесто се раѓа едно младо кое станува независно после 1 до 3 години. Живее околу 25 години.