декември 13, 2016

Сури орел

Должина 70 – 90 цм
Тежина 3 – 6 кг
Распространетост Европа Азија, с. Америка, Африка
Живеалиште Планини, кањони
Исхрана Мали цицачи, птици
Статус Вообичаен
Сури орел или Златен орел е една од најголемите птици грабливки. Живеат во парови кои остануваат заедно во текот на целиот нивни живот. Ловат во лет а пленот го факаат со силните и остри канџи. Достигнуваат голема брзина при летањето и тоа понекогаш и до 130 км на час. Суриот или Златен орел го има и на нашите планини.