декември 12, 2016

Сребрен фазан

Должина 120 – 125 цм
Тежина 2.5– 3 кг
Распространетост И. Кина
Живеалиште Планини, шуми
Исхрана Семиња, лисја, инсекти, црви
Статус Вообичаен
Сребрениот фазан е карактеристичен по црно-белата боја на пердувите по целото тело. Главата и нозете му се црвени. Имаат изразен полов диморфизам, мажјакот е покрупен и видлива е должината на опашката која достигнува до 75 цм, женката е помала и е со кафеавкасата боја на пердуви. Живеат во јата сочинети од 2-3 мажјаци и 4 – 6 женки, на надморска височина до 2000m.