декември 13, 2016
Снежен був
Должина |
65 – 75 цм |
Тежина |
1 – 2.3 кг |
Распространетост |
Циркумополарно (околу Арктик), Аљаска, Грендланд, С. Русија |
Живеалиште |
Отворени станишта, тундра, замрзнати брегови |
Исхрана |
Месојад, мали цицачи (леминзи), барски птици |
Статус |
Чест вид |
Белиот Був се карактеризира по белата боја на пердувите која евулутивно настанала поради местото на живеење односно прилагодувањето на условите за живот. Густината на пердувите кои ги има и на нозете и на клунот им овозможува добра изолација од студениот воздух. Имаат полов диморфизам мажјакот и женката се разликуваат морфолошки, женката е поголема и има кафаеавкасти пеги по телото поради камуфлажа во текот на несењето јајца. Најчесто се активни во сумрак или в зори. Многу време поминува на земја или стоејќи на ниските карпи. Нивната бројност директно зависи од бројноста на Леминзите (глодари) кои им се главен извор на храна. |