август 21, 2016
Сибирски Тигар
Должина |
130 – 280 цм |
Опаш |
60 – 110 цм |
Тежина |
100 – 300 кг |
Распространетост |
Северна/Источна Кина , Источна Русија и Јужна Кореа |
Живеалиште |
Шуми и планини |
Исхрана |
Месојад |
Статус |
Загрозен |
Овој подвид на тигар е најголемата мачка на светот познат уште и како Амурски, Манџуриски или Усуриски тигар. Лови ноќе и може одеднаш да изеде и до 40 кг месо, а по 5-6 дена се враќа да го дојаде пленот. Мажјаците живеат и ловат сами додека женките живеат со младите до две ипол години возраст и потоа повторно се парат. Најголема закана за опстанокот на овој подвид тигри е криволовот и сечењето на шумите. Најчесто ги убиваат поради крзното и заради потребите на традиционалната кинеска медицина. Во дивината има останато 300 до 370 единки од овој подвид тигар |