јули 27, 2016

Работилница „Запознај ја шумата”

Како што соопштуваат од Зоолошката градина предвидени се неколку активности, а во тек е изградба на едукативна патека преку која секој посетител ќе има можност да ја доживее шумата со сите сетила. Се планира патеката да биде отворена за посетители од 1-ви ноември.

На 24-ти септември во едукативниот центар на Зоолошка градина ќе се одржиработилница на тема „Запознај ја шумата” за воспитувачи од повеќе скопски градинки и одделенски наставници до 4-то одделение. Учесниците на работилницата ќе добијат сертификат, а потоа во соработка со едукативниот центар ќе можат да ги повторуваат содржините на следните работилници кои ќе се одржат со организирани групи деца. За воспитувачите и сите оние кои работат со деца ќе биде подготвен краток прирачник со кој преку игра децата ќе имаат можност да се запознаат со шумата и нејзините жители – соопштуваат од Зоо Скопје.

Проектните активности се поддржани од Фондацијата за Поврзување на природни вредности и луѓе – CNVP и издавачката куќа Арс Ламина публикации.