октомври 1, 2016

Патас

Должина 60 – 88 цм
Опаш 43 – 72  цм
Тежина 10 -13  кг
Распространетост Субсахарска Африка
Живеалиште полупустини , савани, мочуришта
Исхрана овошје, млади листови , семки , трева , инсекти
Статус нискоризичен
Се карактеризира по своето издолжено тело , долги предни и задни екстремитети, кратки прсти бели  мустаќи  и  брада на темното лице. Кога трча  е еден од најбрзите мајмуни на светот. Бојата на крзното по грбот е кафеавкаста а екстремитетите и долниот  дел од телото се бели. Живеат во групу од  дестина индивидуи со еден мажјак и неколку женки со младите. Мажјакот секогаш се движи на крајот од групата и претставува мамец на грабливците за да можат останатите членови на групата да се скријат.