декември 13, 2016

Папагал нимфа

Должина 32 цм
Тежина До 90 грама
Распространетост Австралија
Живеалиште Копнени станишта до вода
Исхрана Семиња, овошје, зеленчук
Статус Вообичаен
Нимфата е најмалата птица од папгалите какаду и е единствена со долг и заострен опаш. Перчето на главата е спуштено додека птицата одмара или се храни. Испуштаат специфичен звук додека се во лет а се тивки додека се хранат. Овој вид на папгали се доста популарни како домачни миленици поради нивната брза адаптација, колоритот на пердувите и убавото пеење. Ги има во најразлични нијанси на бои посебно кај птиците кои живеат во заробеништво. Животниот век изнесува и до 35 години.