декември 12, 2016

Овца

Должина 1,1 – 1,5 м
Опаш 7 – 12 цм
Тежина 22 – 55 кг
Распространетост Европа, Америка, Азија, Австралија
Живеалиште Ливади, пасишта
Исхрана Растителна
Овцата е домашно животно од редот на чапункари. Добиена е со доместификација на муфлонот пред околу 12000 години. Се одгледува за месо, млеко, волна и приплод. Волната од овците е најшироко употребувана. Во време на парење мажјаците меѓусебно се удираат со роговите. По бременост од пет месеци женката раѓа едно до две јагниња.