јули 27, 2016

Ново едукативно катче

Патеката на шумата се наоѓа во делот на европски животни и ќе биде отворена во сабота, на 1-ви ноември во 12:00 часот. По повод отварањето, за посетителитеприказната на шумата ќе ја раскажуваат шумарски инженери од Здружението на студенти на Шумарскиот факултет во Скопје (ДРЕН).

Ова едукативно катче има за цел да го промени односот на децата конживотните и животната средина која ја делиме. За помалите, патеката може да биде почетно место да се допре, слушне, мирисне и види шумата.

Тука ќе можете да научите како:

  • да измерите висина и старост на дрво
  • да разликувате дрва по звук;како животните ги употребуваат сетилата
  • да препознаете кое животно поминало пред вас
  • како се прави гнездо
  • каде живеат инсектите и како да ја заштитиме биолошката разновидност

се со цел да ја зачуваме животната средина за идните генерации

Активностите се реализираа во заедничка соработка помеѓу ЦНВП – Фондацијата за Поврзување на природни вредности и луѓе, предводена од Анела Ставревска-Панајотова, Советник за шумарство, издавачката куќа Арс Ламина публикации и ДРЕН. Во рамките на проектот повеќе од 200 деца учествуваа во шумски работилници, а за воспитувачите и сите оние кои работат со деца беше подготвен краток прирачник со кој преку игра децата ќе имаат можност да се запознаат со шумата и нејзините жители.

Проектот е поддржан од „Академијата за заштита на природата Алфред Топфер” – Германија и Зоолошка градина – Скопје.

Прирачникот можете да го превземете тука.