декември 13, 2016
Нилски крокодил
Должина |
2.5 – 6 м |
Тежина |
250 – 700 кг |
Размножување |
Овивопарно-јајца |
Распространетост |
Африка и Мадагаскар
|
Живеалиште |
Водено
|
Исхрана |
Месојад – риби, антилопи, зебри, биволи, птици |
Статус |
Вообичаен |
Нилскиот крокодил има темномаслинесто или сиво тело со темни напречни пруги. Најчесто живее во големи реки, езера, мочуришта и делти на реки. Зa време на топлите денови излегува од вода и се сонча покрај обалата. Се храни со риби и различни видови на крупни копитари. Обично Нилските крокодили живеат сами но при ловењето може и да се здружат заради успешност во ловењето. Мажјаците имаат своја територија на и кај нив постои хијерархија. Женките положуваат 20 до 80 јајца во дупки ископани на обалата и ги чуваат додека не се изведат. Кога ќе се изведат младите, мајката нежно со устата ги пренесува до вода каде остануваат заедно до 8 недели. Најголема закана за Нилскиот крокодил е човекот кој го изловува поради неговата кожа. |