Нилски крокодил (Crocodylus niloticus )


Должина: 2.5 до 6 м
Тежина: 250 – 700 kg
Размножување: овипарно – јајца 
Распространетост:  Африка и Мадагаскар 
Живеалиште:  водено 
Исхрана: месојад – риби ,антилопи ,зебри биволи, птици 
IUCN статус: вообичаен  LC 

Нилскиот крокодил има темномаслинесто или сиво тело со темни напречни пруги .Најчесто живее во големи реки ,езера, мочуришта и делти на реки . Зa време на топлите денови излегува од вода и се сонча покрај обалата. Се храни со риби и различни  видови на крупни копитари  Обично Нилските крокодили живеат сами но при ловењето може и да се здружат заради успешност во ловењето. .Мажјаците имаат своја територија на и кај нив постои хијерархија. Женките положуваат 20 до 80 јајца во дупки ископани на обалата и ги чуваат додека не се изведат.  Кога ќе се изведат младите,  мајката нежно со устата ги пренесува до вода каде остануваат заедно до 8 недели.  Најголема закана  за Нилскиот крокодил е човекот кој го изловува  поради неговата кожа.