октомври 2, 2016

Коњ

Должина 2.5 – 3 m
Тежина 400 –600 kg
Распространетост Франција ,Шпанија Америка и Австралија
Живеалиште Степски зони
Исхрана Тревесто-стеблести растенија
Статус нема, изумрен во природата
Коњот е голем копнен цицач кој се одликува со брзина сила и издржливост. Коњите се членови на фамилијата Equidae која ги вклучува и зебрите и магарињата. Коњот е социјално животно, формирајќи силни здруженија со членовите на своето стадо. Дивите коњи, како оние на американскиот запад, се всушност слободни предци на домашните коњи кои не се припитомиле. Коњите биле припитомени во Евроазија пред околу 6,000 години. Денес питомите коњи се распространети насекаде низ светот, со вкупна проценета популација од околу 60 милиони единки. Коњите имаат изразени варијации во големината, телесната форма и бојата на покривката.