Должина |
2.2 – 3.4 м |
Опаш |
50 – 55 цм |
Тежина |
450 – 550 кг |
Распространетост |
Африка, Азија и Австралија |
Живеалиште |
Пустини и полупустини |
Исхрана |
Растителна |
Статус |
Вообичаен |
Едногрбата камила е исчезната во природата и денес ја има како домашно животно. Прилагодена е на пустински начин на живот и при недостаток на вода и храна губи и до 40 % од телесната маса. Грбата на камилата служи за складирање на резервни масти. Кога е многу жешко телесната температура и се покачува поради што помалку се поти и може долго да ја сочува водата во телото. Камилите имаат дворедни веѓи и трепавици кои овозможуваат заштита од ситниот пустински песок. Се храни со трнести и солени растителни видови а понекогаш исушени мрши и коски од изумрени животни. Едногрбите камили живеат во мали групи (крда) од неколку женки со младите и еден мажјак кој ги штити од другите мажјаци со плукање и гризење. Имаат значајно стопанско искористување . |