октомври 1, 2016

Белорак гибон

Должина 42 – 59 цм
Опаш нема
Тежина 4.5 – 7.5 кг
Распространетост  Јужна и источна Азија
Живеалиште тропски шуми и планини
Исхрана плодови лисја инсекти цветови
Статус загрозен
Гибоните имаат најдолги раце  во однос на големината на телото  од сите примати . Начинот на кој се движи  при што со рацете се  виси и се ниша меѓу гранките  се нарекува брахијација . Палецот на задните екстремитети е спротивно завртен од останатите  прсти на стапалото  поради што гибонот може да оди исправен по гранките . Наутро се огласуваат со спектакуларно пеење . Опстанокот на белоракиот фибон најмногу го загрозуваат сечењето на дождовните шуми и ловот.