декември 12, 2016
Европски бизон
Должина |
210 – 340 цм |
Опаш |
30 – 60 цм |
Тежина |
300 – 950 кг |
Распространетост |
Источна Европа |
Живеалиште |
Шуми , отворени станишта |
Исхрана |
Растителна |
Статус |
Загрозен |
Европскиот Бизон според генетичките докази се смета за ист вид со Американскиот Бизон. Исчезнал во природата и се одгледувал само во парковите за да повторно биде внесен во шумите на Bialowieza ( големо шумско пространство помеѓу Полска и Украина ). Оригиналните популации на Европскиот бизон исчезнале во 1910 година. За разлика од Американскиот Бизон има посветло и пократко влакно на крзното, роговите кај мажјаците се пократки и свртени нагоре но начинот на живот и социјалното однесување им се идентични. Женката раѓа едно младо кое го носи 230 до 270 дена ,цица до една година и може да трча после 3 часа од раѓањето. |