декември 12, 2016

Ему

Должина 1.5 – 1.9 м
Тежина 3060 кг
Распространетост Австралија
Живеалиште Шуми, рамници
Исхрана Инсекти, плодови, семки, лисја,трева
Статус Вообичаен
Емуто е најголема птица на Австралискиот континент со сиво-кафени пердуви, големи нозе со по три прста на стапалата и мали крила. Женките испусштаат длабок краток звук  кој многу подсетува на звук на тапан. Заедно со Афричкиот ној и Американскиот нанду спаѓаат во грипата на најголеми птици тркачи. Овие птици живеат во групи. Формираат парови кои остануваат заедно до крајот на животот. По испилувањето пердувите на младите се  светло-сиви, а со растењето им потемнуваат и стануваат црни. Првата година од животот ја поминуваат со родителите.