Едукација на посетителите

Една од причините за оправданоста на постоењето на зоолошките градини е континуирана и квалитетна едукација ,прилагодена на сите целни групи на посетители, и е еден од предусловите за членство во ЕАЗА(Европска Асоцијација на зоолошки и аквариуми).

Зоолошката градина да придонесува за просветно –културно издигнување на посетителите ,рекреација и забава Во 2010 година создадени се просторно технички услови за одвивање на едукација со изградба и опремување на Едукативен центар,поставени се темелите на соработка со образовните субјекти од предшколско,осново средно образование од Републиката ,факултетите ,волонтерите и еколошките друштва . Во периодот што следи да се продолжи со градење партнерство со претходно посочените,преку заеднички проекти и корист за заедницата,со цел :

  • Придонес во потполнување на знаењата за природата и природните законитости,запознавање и разбирање на природното опкружување и сопственото место во него
  • Поттикнување на учество во активности ,усмерени кон унапредување и заштита на животната средина
  • Придонес во формално и неформално образование на посетителите
  • Довршување на започнатата дигитализација и современ софтвер за аудио приказни за животните на три јазика
  • Продолжување на процесот на поставување на камери за следење на животните преку интернет
  • Примена на систематична зоопедагогиоја
  • Следење на развиени европски сродни институции
  • Следење на потребите на посетителите преку анкети и сугестии за поквалитетна едукација ,истражување и рекреација
  • ЗоолоШката градина да земе улога на промотор во поттикнување на други проекти во локалната заедница
  • Организирањње на практична настава,слободни часови на училиштата,проектни активности ,модерирани дебати,креативни работилници
  • Поттикнување и подршка на хуманитарни програми
  • Посебен осврт на соработка со дневните центри и деца со посебни потреби
  • Научни истражувања
  • Соработка со министерства ,медиуми ,уметници ,еколоШки друштва и др.