декември 13, 2016
Џуџест мармазет
Должина |
12 – 15 цм |
Опаш |
17 – 23 цм |
Тежина |
100 – 125 г |
Распространетост |
Западна Јужна Америка (горниот дел на Амазон) |
Живеалиште |
Влажни тропски шуми |
Исхрана |
Нектар од плодови, мали инсекти – пајаци |
Статус |
Ниско ризичен |
Џуџестиот мармазет е најмал мајмун на светот и склопчен може да застане на човечка дланка. Џуџестите мармазети живеат во групи од 5 – 10 индивидуи а се размножува само еден пар. За младите се грижи таткото на почетокот а покасно помагаат сите членови на групата носејќи ги младите на грбот. Се разликува од другите мармазети по начинот на исхрана, мармазетот копа дупки на кората на дрвјата и ја шмука смолата која е дел од неговата исхрана. Има долг животен век за така мал цицач и живее до 12 години. |