декември 13, 2016
Црвеношиест валаби
Должина |
92 – 100 цм |
Тежина |
13 -18.5 кг |
Опаш |
60 – 90 цм |
Распространетост |
Австралија , Тасманија |
Живеалиште |
Шуми
|
Исхрана |
Растенија, лисја, плодови |
Статус |
Вообичаен |
Името го добиле по црвеникавата боја на крзното околу вратот и рамениците. Во Тасманија подвидот е познат под името Бентов валаби. Живеат сами или во мали групи. Активни се ноќе, додека дење се одмараат во густата вегетација. Мајката малечкото го носи околу еден месец и раѓа едно младо кое престојува во торбата додека потполно не се развие. При топло време телесната температура ја намалуваат лижејќи ги шепите и подлактиците. |