Инсекти

Инсектите (научно: класа Insecta, од лат. insectum, позајмено од грч. entomon – “рассечи на делови”) се група на членконоги кои имаат хитински надворешен скелет, триделно тело (глава, торакс и абдомен), три пара на членести екстремитети, сложени очи и две антени. Тие се една од најразнообразните групи на животни на планетава, со преку милион опишани видови и сочинуваат повеќе од половина од сите познати живи суштества. Бројот на рецентни видови се проценува на шест и десет милиони, и веројатно претставуваат над 90% од различните животински форми на Земјата.