Цицачи

Цицачите (латински: Mammalia) се животни кои ги хранат своите млади со млеко. Повеќето цицачи се прекриени со влакна или крзно и повеќето имаат специјализирани заби кои им помагаат при сечењето или џвакањето на храната. Во споредба со другите ‘рбетници, цицачите имаат високоразвиен нервен систем и покажуваат интелигенција. Во цицачи спаѓаат некои од најпознатите членови на животинското царство, како мачки, кучиња, слонови и китови, а исто така и луѓето, кои се најинтелигентните животни на планетата Земја.