декември 13, 2016

Боа

Должина 1 – 4 м
Размножување Ововипарно – живородни
Распространетост Средна и Јужна Америка, Карипски острови
Живеалиште Копнени станишта
Исхрана Мали цицачи и птици
Статус Чест вид
Оваа змија спаѓа во групата на удави и питони кои пленот го усмртуваат со давење. Главната разлика помеѓу удавите и питоните е што кај удавите младите се раѓаат живи а питоните положуваат јајца. Боата (удавот) се каректизира по тесната глава и зашилената муцка. Шарите на телото варираат зависно од подвидот но во основа секогаш се темни и седловидни шари. Боата е многу прилагодлива змија и затоа може да се сретне на различни станишта од тропски шуми до сувите савани. Добро се качува по дрва но може да лови и на земја. Често влегува во вода. Нејзината активност директно зависи од температурата на воздухот.