октомври 1, 2016

Берберски макаки

Должина 56 – 70 цм
Опаш нема
Тежина 10 -15  кг
Распространетост Северна Африка
Живеалиште Дабова шума
Исхрана овошје, корења , семе , лисја , безрбетници
Статус загрозен
Поголемиот дел од времето го минуваат на земја . Живеат во групи од 7-8 до 40 единки каде главни се женките кои го представуваат  јадрото на групата . Имаат јаки вилици , долги песјаци  а во долниот дел  од вилицата  па долж вратот имаат кожни кесиња каде ја складираат храната . Во нив можат да сместат храна колку целиот стомак.