декември 13, 2016

Бел какаду

Должина 45-47 цм
Тежина 500-680 грама
Распространетост Индонезија, Халмахера, Бакан, Касирута
Живеалиште Дождовни тропски шуми и отворени станишта
Исхрана Овошје, семки од различни плодови
Статус Чувствителен
Белиот какду или уште наречен umbrella – чадор, поради пердувите на главата кои ги отвора во форма на чадор, е карактеристичен по белата боја на пердувите по целото тело со исклучок на внатречната страна на крилјата и мал дел од градниот кош. Имаат голем снажен клун со кој може да ги отвара јаките оревести плодови од растенијата. Немаат полов диморфизам односно многу тешко се разликуваат мажјакот и женката. Најчесто се испилуваат 2 јајца на кои наизменично лежат и мажјакот и женката околу 30 дена. Овој вид папaгал лесно се приврзува за луѓето и затоа го чуваат како домашен љубимец. Старосната граница е околу 50 години.